Финансиски помогнато од
|
Усна презентација
- За секој презентер се доделени вкупно десет (10) минути за неговата усна презентација и дополнителни пет (5) минути за прашања од страна на аудиториумот и одговори на поставените прашања.
- Сите усни презентации потребно е да се подготват во Microsoft PowerPoint или Adobe PDF формат.
- Сите простории за презентација се опремени со LCD проектор и компјутер со оперативниот систем Microsoft Window, на кој се инсталирани Microsoft Powerpoint и Adobe Acrobat Reader.
- Потрбно е секој презентер да ја носи презентацијата на CD-ROM или USB уред за складирање на податоци.
- Секој презентер треба да биде во салата за презентација 15 минути пред почетокот на сесијата и да ја ископира својата презентација на компјутерот.
Презентација со постер
- Во рамките на конференцијата постојат посебни сесии за презентациите со постер. За време на овие сесии, потребно е презентерите да бидат присутни покрај нивните постери и да одговараат на поставените прашања.Точното време и локација на сесијата за постери за секој презентер со постер се поместени во конечната програма на конференцијата.
- Димензија на постерите треба да биде максимум во димензија од А0 формат, во портрет-ориентација A0 (84 cm X 118 cm).
- Големината на фонтот за постерите треба да се избере соодветно, така што ќе може лесно да се чита на оддалеченост од 1 - 1.5 метри.
- Пораката што треба да се пренесе со презентацијата преку постер треба да е јасна и разбирлива дури и без усно објаснување.
- Постерите треба да се постават на соодветна табла најмалку 15 минути пред почетокот на соодветната сесија. Авторите треба да се присутни покрај своите постери во текот на целата сесија.
- Авторите треба да ги донесат своите постери целосно изработени и отпечатени. Трошоците кои се однесуваат на изработката на постерот ги сносат авторите.
|

Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје
|

Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје
|

Македонска секција на IEEE
|

Оддел за телекомуникации при македонската IEEE секција
|

Здружен оддел Кола и системи, Компјутациона интелигенција и Системи на управување - CAS/CIS/CS, при Македонската секција на IEEE
|

Оддел за инструментација и мерење при македонската IEEE секција
|

Оддел за процесирање на сигнали при македонската IEEE секција
|

Оддел за инженеринг во медицината и бијологијата при македонската IEEE секција
|

fnsnf
|

Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола
|
Технички факултет – Битола
|

Инженерска институција - Скопје
|

Министерство за образование и наука
|
|